ПОЧЕТНА НБА Не може да ја носиш мојата тројка и да го имаш моето...

Не може да ја носиш мојата тројка и да го имаш моето ормарче!

сподели
фото: Decap

Некогашната прва ѕвезда на Мајами, играчот што е жива легенда меѓу симпатизерите на оваа франшиза и на НБА лигата воопшто, на оригинален начин му посака добредојде на новиот предводник на Хит од кого се очекува во новата сезона и тоа колку да ја крене играта на некогашниот шампион:

Вејд и Батлер играа заедно во Чикаго. Мајами ја нема повлечено бројката 3, а на таванот на арената се наоѓаат броевите 1 (Крис Бош), 10 (Тим Хардавеј), 13 (во чест на Ден Марино, квотербекот на НФЛ Мајами Долфинс), 23 (во чест на Мајкл Џордан), 32 (Шекил Онил) и 33 (Алонзо Морнинг).