ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Не е само Пандев: Гранде ЈакиМонстер!!!

Не е само Пандев: Гранде ЈакиМонстер!!!

сподели

Една недела по натпреварот на кој постигна неверојатен дабл-дабл, младинскиот репрезентативец на Македонија повторно ја воодушеви италијанската кошаркарска јавност.

На мечот против Варезе, Андреј Јакимовски постигна 39 поени, 12 скока и осум претрпени лични грешки за индекс 50. Сето тоа за само 25 минути на теренот што уште еднаш докажува каков играч има Македонија.

Јакимовски ги погоди сите девет слободни фрлања, шутираше 6/7 за два и 6/11 за три поени. Новипју Пиемонте победи со 85:60.