ПОЧЕТНА ЕВРОПА Не е само МЗТ, и други шампиони декласирани во ова коло

Не е само МЗТ, и други шампиони декласирани во ова коло

сподели

Македонскиот првак го претрпе вториот пораз во домашното првенство, на гостувањето во Кавадарци кај Еуро Никел. Очигледно аеродромци ги фатил шампионскиот вирус бидејќи и други клубови кои минатата сезона освоија титули, загубија во своите лиги.

Бранителот на трофејот во АБА лигата Црвена Звезда беше совладан кај Цедевита Олимпија во Љубљана со 75:64 и тоа е четврти пораз за белградскиот состав во регионалното натпреварување. По девет кола Звезда има три победи помалку од лидерот Будуќност и се наоѓа на шестата позиција на табелата. Ова беше и прв пораз на новиот тренер Драган Шакота.

И Реал Мадрид не успеа да дојде до победа во АЦБ лигата и го претрпе вториот пораз во последните три кола. Загуби со 84:67 на гости кај Сарагоса која сезонава ја победи и Барселона. „Каталонците“ победија, па сега гигантите на шпанската кошарка се израмнети на првото место со биланс 9/2.