ПОЧЕТНА ЕВРОПА Не е само ЦСКА, уште еден руски гигант при врвот

Не е само ЦСКА, уште еден руски гигант при врвот

сподели

Химки го искористи фактот што првите два натпревара ги игра на домашен терен и е една од петте екипи со максимален ефект во Евролигата. По Макаби, ја совлада и Басконија со 79:73, па Русија има две екипи при врвот во моментов.

Химки водеше со 16 поени разлика (39:23), а шпанскиот тим се доближи на само -1 пред крајот на третиот период (49:48). Но, домаќините не дозволија изненадување, со тројцата на Девин Букер отидоа на +8 (77:69) по што Басконија не успеа да се врати.