ПОЧЕТНА АБА АБА: Не е изненадување што Евролига не заобиколува, но ќе се бориме...

АБА: Не е изненадување што Евролига не заобиколува, но ќе се бориме до крај

сподели
Домагој Чавловиќ - средина (фото: Večernji.hr)

Директорот на Цибона и новиот претседавач на АБА лигата, Домагој Чавловиќ изјави дека за него и за раководството на регионалното натпреварување, било очекувано да се загуби сигурното место во елитното европско натпреварување.

„За нас таа одлука не е изненадување, ние бевме подготвени на таков епилог. Тоа беше одлука донесена од поодамна, сега само беше објавена. И многу други лиги, како Шпанската, кои што се поквалитетни од нас, загубија позиции во Евролига.

Очигледно е дека парите ги диктираат нештата. Сега може од повеќе натпреварувања да се избори место во елитата, но ние ќе се бориме да имаме сигурна позиција и по 2021-та година, со засилена комуникација со канцеларијата на Евролига.“

За инцидентите минатата сезона, на финалните мечеви меѓу Црвена звезда и Будуќност, Чавловиќ рече:

„Посакуваме последното финале веќе никогаш да не се повтори, сериозно размислуваме и да ги исфрлиме екипите што би правеле вакви или слични инциденти, од АБА лигата.“