ПОЧЕТНА НБА НЕ Е БАШ ТАКА ЛЕСНО: Ни Леброн не е семоќен, а Дејвис...

НЕ Е БАШ ТАКА ЛЕСНО: Ни Леброн не е семоќен, а Дејвис ќе си почека

сподели
For The Win - USA Today

Замената на бројот 23 ќе се случи во некоја друга сезона, затоа што се прекршени неколку правила за тој момент да биде исполнет. Леброн му ја вети 23-ката на Ентони, го објави(ја) тоа и на социјалните мрежи, но СТОП на процедурата стави Најки.

Откако двајцата кошаркари се сликаа со 23-ката за новиот играч на Лејкерс, што е неговиот број од времето (7 сезони) во Пеликанс, НБА ја информира франшизата дека поминал рокот (15-ти март) за одредување броеви за кошаркарите, но дека лигата ќе помине преку овој дедлајн само ако се согласи официјалниот дистрибутер на опрема.

 

View this post on Instagram

 

Taking the number all the way back to elementary school! #3

A post shared by Anthony Davis (@antdavis23) on

Нормално, Најки размислува неколку чекори понапред и рече НЕ, затоа што веќе се испечатени дресовите и другата опрема наменета за широката популација, со бројот 23 и со презимето Џејмс, што, ако треба да се менува, како што велат од компанијата, ќе им донесе десетици милиони долари загуба.

Затоа, Дејвис ќе си го носи бројчето 3, од времето кога играше кошарка во основно училиште, а Леброн засега ќе остане Џордан. Освен ако играчите не ги платат загубите на Најки, а прашање е дали Кралот знаел за сето ова и дали промената на бројот беше само мамка за Дејвис?

*Рокот за промена на броевите е 15-ти март 2020.