ПОЧЕТНА Некатегоризирана НБА засилување за Црвена Звезда

НБА засилување за Црвена Звезда

сподели

По продолжувањето на договорите со Бранко Лазиќ, Били Берон, Филип Човиќ и Бориша Симаниќ, српскиот и АБА шампион го донесе првиот нов играч во своите редови.

Поранешниот член на Анадолу Ефес, Дерик Браун ќе ги покрие позициите 4 и 5 и се очекува да биде големо засилување за повратникот во Евролигата.

Браун има 31 година, а пред да дојде во Европа играше во Шарлот Хорнетс и Њујорк Никс. Проблем е тоа што речиси една година ќе биде без професионална кошарка затоа што лани го напушти Ефес поради тоа што Ергин Атаман не сметаше на него.

Во четирите сезони во Евролигата одигра 101 натпревар со учинок д 11,1 поени, 4,6 скока и 1,7 асистенции.