ПОЧЕТНА АБА НБА плејмејкер во Звезда!

НБА плејмејкер во Звезда!

сподели

АБА шампионот и повратник во Евролигата го комплетира својот состав за новата сезона со исклучително квалитетен кошаркар.

Поранешниот играч на Торонто Репторс, Лоренцо Браун е засилување за белградскиот тим од Гвангжу Лајонс чиј член беше претходните шест месеци. Во новиот шампион на НБА лигата не доби голема шанса, одигра само 40 натпревари за сезона ипол, но Евролигата треба да биде нов предизвик за него.

Освен за Торонто, играше уште за Филаделфија, Минесота и Феникс, но повеќе време помина во нивните екипи во Развојната лига.

Браун е петто засилување за Звезда пред новата сезона. Претходно дојдоа Огњен Кузмиќ, Дерик Браун, Џејмс Гист и Чарлс Џенкинс. Во следниот период можно е клубот само да донесе замена за Кузмиќ кој имаше тешка сообраќајна несреќа.