ПОЧЕТНА ЕВРОПА НБА МЗТ: 19 тројки, 61% шут, индекс 133…

НБА МЗТ: 19 тројки, 61% шут, индекс 133…

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Можеби не можат да се споредат во однос на успесите и популарноста во светот, но филозофијата на Ѓорѓи Кочов е како на Стив Кер: run and gun кошарка и игра на поен повеќе од противникот.

Тој рецепт лани беше успешен, МЗТ Скопје ја освои титулата во домашното првенство, а само поради мал пад во формата, односно неочекувано згуснатиот распоред во март и април екипата не ги освои Купот на Македонија и трофејот во АБА 2.

Младиот стручњак не отстапува од своето и на почетокот од новата сезона. Слобода не е вистинскиот репер за моменталниот квалитет на македонскиот шампион, но квалитетниот напад донесе исклучително атрактивна игра.

МЗТ Скопје постигна 110 поени, реализира 19 тројки од 31 шут (61,3%), имаше 55,1% од поле и само две промашени слободни фрлања. Вкупниот индекс на екипата изнесуваше 133 што ако не е рекорд, тогаш сигурно е меѓу највисоките на нашиот тим во регионалното натпреварување.

Можеби мал проблем е одбраната, 88 примени поени против еден од најслабите во лигата не се малку, а загрижува и скокот – 12 помалку од противникот (20-32).