ПОЧЕТНА НБА НБА ѕвездата ги остава колегите од репрезентацијата на цедило?

НБА ѕвездата ги остава колегите од репрезентацијата на цедило?

сподели
twitter

Иако кон крајот на натпреварувачката година со задоволство изјави дека ќе го носи дресот на националниот тим на претстојниот мундијал во Кина, сепак според последните најави, тоа нема да се случи.

Бен Симонс најверојатно нема да игра за Кенгурите на СП од 31-ви август до 15-ти септември, затоа што ќе се подготвува(л) само за напорната НБА сезона што му претстои со Филаделфија Сиксерс.

Ова не е прв пат тој да одбие повик во националниот  тим, тоа го стори во руки сезоната 2016 кога не настапуваше на ЛОИ во Рио. Без него, во редовите на Австралија ќе играат „само“ Џо Инглс, Ендрју Богут, Пети Милс и Арон Бејнс кои што исто така доаѓаат од НБА лигата.