ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НАУМОСКИ: Да се извинат или ќе ги тужам!

НАУМОСКИ: Да се извинат или ќе ги тужам!

сподели

По изнесените обвинувања за финансиски неправилности од новото раководство на КФСМ, со реакција се јави поранешниот претседател Петар Наумоски.

Неговото соопштение го пренесуваме во целост:

„Најпрво би сакал да ги информирам дека ќе добијат допис од моите адвокати, јавно да се извинат за изнесените превртени зборови и работи. Доколку тоа не го сторат ќе си добијат соодветна тужба па нека го докажуваат на суд тоа што го зборат.

Јас само би ги прашал. Дали федерацијата имала, има и ќе има потреба од магацински простор? Дали користела магацински простор? А сега детален одговор од моја страна: Јас имам магацински простории во изобилие, што се во моја своина и што се во владение на блиски мои луѓе така да нема потреба некој во минатото или во иднината да ми плаќа таков простор. Во првата година од моето работење во федерацијата, јас од таквиот простор го одстапив гратис на МКФ (поради лошата финансиска ситуација на самата федерација) затоа што јас и мојот тим во федерацијата, истата ја гледавме како наша битка и сакавме повеќегодишната блокада и големите долгови да ги исплатиме кон сите како би ја ставиле на здрави нозе таа наша неосновано задолжена и блокирана федерација.

Промена на состојбата за мојата помош околу гратис мегацинскиот простор траеше се додека група на луѓе не тргнаа да ме менуваат поради правилото на шест странци, Тогаш во разговор со техничкиот секретар, Соња, лично таа ми рече: Пеце, гледаш дека ти колку и да правиш добро за кошарката, други секогаш ќе те плукаат и ќе бараат твоја смена. Револтиран и отрезнет од таквата ситуација зборевме дека јас целосно ќе работам во интерес на МКФ но гратис и поклон повеќе не.

Нас секако ни требаше магацин, работите веќе беа на три локации од кои на две локации целосната магацинска опрема на федерацијата, па со Соња се договоривме месечниот износ да не биде поголем од 30 000 денари а вкупната површина беше преку 550 м2, што значи ни по 1 евро по метар квадратен. Вистина е дека во едниот од магацините имаше и мои лични работи но затоа беше цената толку ниска. Инаку за појаснување, ни тогаш па ни денеска не плаќам и не трена да ми плаќа некој за тие простории, едноставно МКФ си плаќа за нешто што имала потреба и би требало да закупи простор на друго место. Битно е дека не е измислен трошок!

Околу семафорот: Комуникацијата по меил за плаќање на фактурата ја имаше Соња, нејзиниот компјутер беше хакиран и тука настана проблем околу плаќањето (инаку во тој период имаше многу случаи во овој дел на Европа со огромни суми на пари). Нормално ние пријавивме во полиција, во Интерпол и дојдоа лица од полиција и тие констатираа дека компјутерот бил хакиран а за сето ова си има пријава и целосна документација. Па прашањето е дали некој е малоумен кога изнесува обвинувања и невистини или пак немало извештај од ревизорската куќа за таквата пријава.

Сигурно не сме ние глупи и луди па двапати да плаќаме нешто, да имаме некаква корист од тоа и сами да се пријавуваме во полиција и во Интерпол!? Ова се вика и се опишува со еден умерен збор: Неспособност и разочараност дека после долго најавуваната ревизија и очекувања на не знам какви малверзации (тоа го најавуваше дури и градоначалникиот Српче а беше барано и од Даниел за кој Управниот одбор во мое време го обвинуваше за сериозни работи, па сега како реванш, всушност во нивниот говор денеска тие сами го кажале зборот реванш) паднале во очај дека нема ништо незаконско работење а уште помалку оштетување на буџетот на федерацијата. Буџетот кој што јас сам и со мала помош на Управниот одбор го наоѓав како знам и умеам!

Во изминативе четири месеци има толку глупости, несмасни и невкусни и против кошаркарски одлуку донесено што навистина ретко која раководна структура би можела да ја направи.“, стои во обраќањето на Наумоски.