ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Натпревар на раб на инцидент, АВ Охрид поразен од Балкан

Натпревар на раб на инцидент, АВ Охрид поразен од Балкан

сподели
фото: BGbasket.com

Амбициозниот македонски прволигаш ја почна серијата меѓународни контроли во пресрет на почетокот на новата сезона.

Прв тест е меморијалниот турнир „Георги Христов“ во Ботевград на кој покрај АВ Охрид и Балкан, учествуваа и Рилски спортист и Берое. Нашиот претставник играше со домаќинот и загуби со 96:81, но според извештаите на бугарските медиуми, натпреварот бил на раб на инцидент.

Непријатниот момент се случил во третата четвртина, при водство на Балјан од 62:45. За среќа, страстите брзо биле смирени, а исклучени беа Мијатовиќ и Лефкоски.

Најефикасен во нашиот тим бил летното засилување Остин Ажуква со 22 поена и 7 скока, Маркус Џексон постигнал 16 поени, а Александар Штерјов 12 поени и 8 скока.

Во борбата за третото место АВ Охрид ќе игра против Берое, а во финалето ќе се сретнат Балкан и Рилски спортист. По овој турнир охриѓани на 14 и 15 септември ќе го пречекаат Рилски спортист, а една недела подоцна ќе му гостуваат на истиот клуб на турнир на кој ќе учествувааѕ и ПАОК и Черноморец.