ПОЧЕТНА Други репрезентации Нашиот противник за опстанок во првото коло загуби со 64 разлика!

Нашиот противник за опстанок во првото коло загуби со 64 разлика!

сподели
FIBA

Победа на претстојниот натпревар и обезбедува пласман меѓу деветтото и 12-тото место на македонската кадетска репрезентација на Европското првенство и учество на него и идната година.

Пораз ја комплицира ситуацијата бидејќи потоа е потребен триумф на следните два меча, а првиот од нив ќе биде против Словенија или Германија. Се чини дека пореална варијанта е победа над Босна и Херцеговина која е најслаба репрезентација во досегашниот дел од шампионатот.

FIBA

Во четирите натпревари што ги одиграа во Удине, Босанците забележаа четири убедливи порази, а најтешкиот беше оној од Франција во првото коло со 64 поени разлика (38:102).

Потоа загубија и од Грција со 34, Србија со 16 и Турција со 22 разлика. Ние не само што имаме една победа, туку и доживеавме несреќни и тесни порази од фаворитите Шпанија и Израел во првите две кола.

Македонија и Босна и Херцеговина обезбедија пласман во кадетската европска елита минатата година на Европското првенство Б-дивизија во Сараево. Игравме и едни против други во полуфиналето и тогаш убедлива победа славеше домаќинот. Но, од тие генерации во македонската репрезентација има само еден играч (Андреј Митревски), а кај противникот ниеден.