ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Нашиот „противник“ во квалификациите ќе биде најголемото изненадување на СП

Нашиот „противник“ во квалификациите ќе биде најголемото изненадување на СП

сподели

Селекцијата што изобилува со НБА потенцијал, но никогаш не го искористи кошаркарското знаење што го има и поседува, според еден од нејзините членови, ќе биде екипата од која што треба сите да се плашат.

„Не знам до каде ќе стигнеме, но Италија може да ја има улогата на „пепелашка“ на овој турнир. Сонувам за медал, но тоа ќе зависи од нашиот пат на шампионатот, против кого се ќе играме на светскиото првенство во Кина. Сите сакаме да избориме и позиција што ќе води на ЛОИ во Токио 2020.

Имаме талент и искуство, што е рецептот до успехот. Настапите за селекцијата и титулите со Италија ми се поважни од се друго, споредено и со прстените во НБА лигата. Играм за Италија од 14 години и тоа е оган кој што отсекогаш гори во мене.“ – рече Данило Галинари, за Газета.

Италијанците ќе играат во квалификациската група Б за следното ЕП, но само формално и вон конкуренција, бидејќи се домаќини. Да не заборавиме дека последната „пепелашка“ беше видена на ЕП 2011, а тоа беше Македонија, ословена вака од селекторот на Шпанија, Италијанецот Серџо Скариоло.