ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нашиот најдобар 3х3 играч, очекува уште поплодна година

Нашиот најдобар 3х3 играч, очекува уште поплодна година

сподели

Првиот на ФИБА ранкингот од македонските баскетџии Ервин Цого имаше солидни 365 дена зад себе, одигра многу турнири, повеќето во меѓународни води.

„Моментално имам одиграно 38 официјални ФИБА турнири, дополнети со учество на некои неофицијални.

FIBA

Ова сезона играв за македонските екипи Кантина и Кино Карпош, а од соседна Србија настапував за Армагедон, Команда, Ралја Интергалактик која беше во топ 15 во Светот и за АУ.“

Со кого имаше најголем успех минатата година?

„Со екипата АУ имав најголем успех во 2019-та, заедно прокниживме освоени 7 турнири во Србија, две 3-ти места и три 3-ти места.“

Што очекуваш во сезоната што доаѓа?

„Во 2020-та очекувам пред се добро да се подготвам на физички план, да го надополнам тоа што најмногу ми недостасува во играта (телесната маса) и да атакувам на некој голем турнир, како што е Челинџер, а зошто да не и некој Мастерс.“

Каде ја црпиш мотивацијата, желбата?

„Мотивацијата ми е преголема бидејки сум прворангиран македонски играч. Најголем успех ми е играњето за македонската реорезентација на квалификациите во Летонија, во Рига. За жал, не се пласиравме на ЕП, но се надевам на следните квалификации ќе го направиме и тоа.“