ПОЧЕТНА Во позадина НАШИ ФОТОГРАФИИ НА ШАМПИОНАТОТ: Меѓу Спартанци и Маори, заедно до целта!

НАШИ ФОТОГРАФИИ НА ШАМПИОНАТОТ: Меѓу Спартанци и Маори, заедно до целта!

сподели
FIBA

Не треба многу да се детализира пласманот на македонската У16 селекција, на завршениот континентален собир во Удине, затоа што мисијата е комплетирана – Македонија ќе игра во А дивизијата и следната сезона.

Дали сме 12-ти или 1-ви, тоа нека си анализираат експертите коишто треба да ја унапредуваат кошарката.

Ова е еден од четирите најголеми резултати, на листата на нашите младински достигнувања – 4-та позиција на генерацијата предводена од Луковски, враќањето во А дивизијата во Португалија 2006-та, враќањето во елитата минатата година на претходниците на овие момчиња, и овој, првиот опстанок за една македонска кошаркарска селекција во најквалитетното друштво.

Толку се, немаме многу, но од ова треба да се научи и ова треба да се надоградува.

FIBA

Кога ќе ги видиш белите раце на овие деца… да, деца… кога ќе им ги загледаш мусклучињата како им подрипнуват… усните како им треперат прво од трема, а потоа од исцрпеност… кога ќе им ги видиш очите како им горат од желба… треба да знаеш дека на овие деца им се потребни линии по кои треба да се насочат и да чекорат до успехот…

НЕ МОЖАТ ТИЕ САМИ, без институционална и општествена поддршка, ДА СТАНАТ СВЕТСКИ ШАМПИОНИ!

За нив е најважно да се држат заедно – во болка и во успех, во радост и во тага, во победа и во пораз! Некогаш ќе не посака и нас! Бидете сигурни во тоа! Ќе лапнеме БАРЕМ една голема награда во овој живот, па што сака нека е! Само трудете се и борете се!

НАПРЕД И САМО НАПРЕД!!!