ПОЧЕТНА Некатегоризирана Највисока репрезентација на Мундијалот – Србија!

Највисока репрезентација на Мундијалот – Србија!

сподели

До почетокот на Светското првенство во Кина остануваат уште десетина дена, а некои бројки поврзани со него се многу интересни.

Меѓу нив и оние за височината на репрезентациите-учеснички. Прва во оваа категорија е Србија со просечна височина од 205 сантиметри и ниеден кошаркар под 195 сантиметри. На границата е Мициќ, пред него Јовиќ (196), па Богдановиќ и Гудуриќ (197), Симоновиќ (203), Лучиќ (204), Бјелица и Јокиќ (209), Бирчевиќ (210), Раддуљица и Милутинов (213) и Марјановиќ (222).

Ова се официјални бројки преземени од националните федерации на репрезентациите кои ќе учествуваат на Мундијалот. Во селекцијата на Србија ќе ги нема Драган Милосављевиќ и најверојатно Милош Теодосиќ поради повреди. Во тимот е еден од највисоките (ако не и највисок бидејќи уште нема официјални списоци) играчи на првенството Бобан Марјановиќ.

Зад Србите, на второто место е грчката репрезентација со просечна височина од 202 сантимерта, па САД со 200, Франција со 199 и Шпанија со 198.