ПОЧЕТНА ЕВРОПА Најубавата српска кошаркарка остро и без влакна на јазикот, згрме по Maљковиќ

Најубавата српска кошаркарка остро и без влакна на јазикот, згрме по Maљковиќ

сподели
fiba.basketball

Поранешниот капитен на женската кошаркарска селекција на нашиот северен сосед, удри вербално по „изборникот“ на Србија, беа истакнати лични моменти, (не)вкусни ситуации од нивниот „заеднички“ живот и слични пикантерии:

„Искреноста во животот ме чинеше СЕ. Освоив многу лични и репрезентативни признанија. Секогаш сум (била) тука за Србија.

fiba.basketball

Како беше биран составот за ова ЕП во нашата земја? Зошто ме нема на списокот? Молев да ми дозволат уште една шанса. Играат колешки кои што скоро се породија и кои што се во роднински врски со селекторката.

Селекторот Марина Маљковиќ се уште не знае да води натпревари, се се сведува на импровизација. Пие(ше) по два литра алкохол секоја вечер, а потоа зборува(ше) се и сешто за секого.

Селекторката Марина Маљковиќ, на удар на Милица Дабовиќ (фото: B92).

Правдата доаѓа бавно како желка, но кине како лав. Има само една вистина.“

Ова е само дел од репертоарот на „внимателно избрани“ зборови на Инстаграм профилот на Дабовиќ, во моментите кога Србија се пласира во елиминациската фаза на ЕП за жени и од Зрењанин, се сели во Белград.

Постот на Милица Дабовиќ е преземен од српскиот медиум Б92.