ПОЧЕТНА СВЕТ Најтрофејните го детронизираа шампионот

Најтрофејните го детронизираа шампионот

сподели
nba.com

Селтикс се пласираа во источното финале, каде ќе се борат за конференциската титула со Мајами, по триумфот 87:92 и вкупни 4:3 против екипата на Репторс.

Тејтум постигна 29 поени, меѓу кои и клучните слободни фрлања во последните секунди. Браун имаше 21 поен, Смарт постигна 16, а Вокер 14 поени.

ВанФлит кој промаши тројка за изедначување на крајот, имаше 20 поени за Торонто, Лаури кој излезе со 6 лични постигна 14 поени, 14 имаше Серж Ибака.

Канадската екипа, која минатата сезона ја освои историската прва титула во НБА, не успеа да стане 7-та франшиза со 4 редоследни триумфи во серии со по 7 меча.