ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ФОТО) Најтажната слика: Белградскиот кошаркарски храм претворен во болница

(ФОТО) Најтажната слика: Белградскиот кошаркарски храм претворен во болница

сподели

Се поголемиот број заболени од корона вирусот во Србија ги натера властите да ги искористат големите спортски објекти за згрижување или изолација на пациентите.

Таква е сликата и во спортскиот центар „Александар Николиќ“, попознат како Пионир во кој своите натпревари најчесто ги играат Партизан и Црвена Звезда. Според информациите од Белград, таму се поставени 300 војнички кревети, но уште не се примени првите пациенти.

Истата слика е и со спортската сала „Ранко Жеравица“, како и салата Чаир во Ниш во кој последната деценија се игра завршницата од Купот на Србија „Радивој Кораќ“. Се очекува следните денови во болница да биде пренаменета и белградската Арена.