ПОЧЕТНА Други репрезентации Најталентираните репрезентативци ќе добијат стипендија од КФСМ и АМС

Најталентираните репрезентативци ќе добијат стипендија од КФСМ и АМС

сподели
fiba.basketball

Македонската куќа на кошарката и државната институција којашто се грижи за развојот ина спортот во нашата земја, имаат програма за стимулирање на младите спортисти, до 18 години. Талентите што ќе ги посочи КФСМ, а немаат професионален договор, ќе добијат парични средства од Агенцијата за млади и спорт.

„Стипендиите ќе ги добијат најталентираните кошаркари, без разлика дали играат во Македонија или пак надвор. Има измена тоа ќе бидат оние деца кои немаат професионален договор, што пак мислиме дека е коректно, бидејќи останатите играчи кои имаат професионален договор веќе добиваат одредена сума од страна на клубовите. Списокот го доставуваат селекторите, ни даваат извештај за секој репрезентативец.“ – изјавиле од КФСМ, за порталот Спортмедиа.