ПОЧЕТНА ЕВРОПА Најскапиот останува на врвот, но еден од „посиромашните“ рипна многу високо

Најскапиот останува на врвот, но еден од „посиромашните“ рипна многу високо

сподели

И покрај тоа што извиси во сите натпреварувања минатата сезона, каталонската гордост Барселона и наредната (од вкупно 4, а останаа 3) сезона ќе плаќа за најскапиот играч во Европа, или во превод 5.4 милиони американски долари за шпанскиот интернационалец со црногорско потекло, Никола Миротиќ.

euroleague.net

На второто место се наоѓа американскиот интернационалец Шејн Ларкин, кој игра за Анадолу Ефес и имаше неверојатна сезона, која беше прекината од коронавирусот.

Но, турските газди не штедеа за новиот договор кој порасна на 7.7 милиони американски долари, за две сезони. Сестраниот играч ќе заработи 3.7 милиони првата, а 4 милиони втората сезона.

euroleague.net

Никола Милутинов премина од Олимпијакос во ЦСКА Москва, неговата плата е триплирана и тој следната натпреварувачка година ќе заработи 2.5 милиони долари, со што е трет најплатен играч на Стариот континент.

Зад него, односно со него, во Топ 10 се Мајк Џејмс (2.5) , Алексеј Швед (2.5), Нандо Де Коло (2.4), Јан Весели (2.2), Серхио Љуљ (2), Валтер Таварес (2), Кори Хигинс (2) и Алекс Абринес (2), по што следуваат другите со помалку од 2 милиона по сезона.