ПОЧЕТНА ЕВРОПА Најсилната Лига на шампиони досега

Најсилната Лига на шампиони досега

сподели

ФИБА ги објави имињата на 28-те сигурни учесници во групната фаза од нејзиното најквалитетно натпреварување, а уште четири ќе бидат познати по квалификациите во кои ќе учествуваат 16 екипи.

По првите пробни сезони, оваа ќе биде со убедливо најсилен список бидејќи има гиганти од турското, шпанското и италијанското првенство, како и еден поранешен европски првак – Лимож. Најмногу претставници има Турција – пет, Шпанија и Франција по четири, Италија три, а Грција и Израел по два.

Квалификациите почнуваат на 15 септември, а групната фаза на 13 октомври. Екипите ќе бидат поделени во четири групи по осум екипи, а во нокаут сегментот продолжуваат најдобрите четири од секоја група. Освојувачот на титулата ќе добие парична награда од еден милион евра.

Македонија имаше можност да пријави четири претставници во квалификациите за ова натпреварување, но ниеден клуб не покажа интерес за учество.