ПОЧЕТНА Во позадина Најголемото спортско признание, постхумно за Бауман

Најголемото спортско признание, постхумно за Бауман

сподели
fiba.basketball

Починатиот поранешен Генерален секретар на ФИБА, швајцарскиот кошаркарски работник Патрик Бауман, го доби признанието на Интернационалниот Олимписки Комитет кое што се смета за највисока награда во олимпиското движење.

Wikipedia

Олимпискиот орден му припадна на поранешниот прв оперативец на Светската куќа на кошарката, поради неговите залагања за развојот на оваа игра, кралицата на спортовите. Тој почина минатата година, на 51-но годишна возраст.