ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најголемата победа на Нено – радоста и насмевката на лицето на малиот...

Најголемата победа на Нено – радоста и насмевката на лицето на малиот навивач!

сподели
фото: screenshot youtube

Не постои спортист кој не се занимава со оваа професија без да посакува барем малку да ги усреќи своите следбеници, без разлика дали се работи за индивидуален или колективен спорт.

Нено Димитријевиќ успеа да направи среќно едно младо момче на трибините во салата во Бадалона, веројатно голем навивач на Хувентут затоа што е и облечен во тренерка на шпанскиот прволигаш.

Неговото задоволно лице по победничкиот кош на македонскиот репрезентативец е најголемата победа и награда за Нено Димитријевиќ, тотална сатисфакција за времето поминато на тренинзи сите овие години.

*моментот со малиот фан можете да го видите на видеото од 19-тата секунда