ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најдоцна за еден месец ќе се знае судбината на МЗТ

Најдоцна за еден месец ќе се знае судбината на МЗТ

сподели

Седумкратниот македонски шампион почнува со склопување на мозаикот за новата сезона, но изгледа ќе мора да почека малку.

Причина за тоа е неизвесноста околу настапот во АБА, односно дали ќе настапува во елитната или втората дивизија од регионалното натпреварување. МЗТ Скопје ја чека разврската со Приморска која долго време се наоѓа во финансиски проблеми и не се знае дали ќе продолжи да функционира или ќе згасне.

Црногорски медиуми јавуваат дека, наводно, на словенечкиот клуб му е даден рок до 1 јули да даде гаранции дека може да игра во АБА лигата. Ако не успее, ќе се врати во втората дивизија или целосно ќе излезе од овие натпреварувања, а на нејзино место ќе влезе МЗТ Скопје. Приморска може и пред овој термин да даде одговор дали е способна да одговори на предизвикот од финансиски аспект, но во краен случај, тоа ќе се знае на првиот ден од јули.

Нашиот тим е прва резерва, во случај некој од прволигашите да се откаже, откако директен пласман во АБА лигата добија Борац Чачак и Сплит, првопласираните две екипи во понискиот ранг.