ПОЧЕТНА Евролига Најдобриот стрелец заминува од новиот проект

Најдобриот стрелец заминува од новиот проект

сподели
euroleague.net

Екипата на Олимпија Милано, предводена од новиот стратег Еторе Месина се откажа од услугите на играчот што минатата сезона беше прогласен за најдобар поентер. Мајк Џејмс и италијанскиот клуб, спогодбено го раскинале договорот.

Olimpia Milano

Иако најверојатно не се вклопува во стратегијата на новиот тренер, сепак зачудува леснотијата со која што миланскиот тим реши да пресече и по само една сезона да се ослободи од еден од најексплозивните и „играч за момент“ во елитата.

Освен „дивиот“ стил на игра, на ваквата одлука сигурно влијаела и платата на бекот кој што имаше тригодишен договор за скоро 2 милиона евра по сезона. На „неговата“ позиција беа доведени Шелвин Мек од Шарлот Хорнетс и Серхио Родригез од ЦСКА.

euroleague.net

Американецот имаше скоро 20 поени во просек со околу 41% реализација, со скоро 7 асистенции и скоро 4 скока по натпревар, за просечни 34 минути на паркетот во 30 одиграни натпревари.