ПОЧЕТНА СВЕТ Најдобрата петорка во НБА… во изборот на Мајкл Џордан!

Најдобрата петорка во НБА… во изборот на Мајкл Џордан!

сподели

Вечно ќе трае расправата за тоа кој е најдобар, без разлика дали станува збор за целото постоење на лигата, за актуелниов момент или за некоја поранешна ера.

Но, ако некој може да бира или да учествува во дебатата, тоа сигурно е, за многиумина, најголемата ѕвезда која некогаш истрчала на кошаркарските терени. Мајкл Џордан одбележа една деценија од НБА лигата, а остана идол на цела генерација кошаркари или вљубеници во овој спорт од тоа време.

Тој во старт се огради при својот избор бидејќи одлучи да селектира само играчи со кои бил на теренот, без разлика дали во иста или во противничка екипа. Затоа се одлучи за себе, Меџик Џонсон, Хаким Олајџувон, Скоти Пипен и Џејмс Ворти. Играчи кои заедно имаат 22 шампионски титули во НБА лигата.