ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најдобра партија на Димитријевиќ, но ни тоа не беше доволно за Хувентут

Најдобра партија на Димитријевиќ, но ни тоа не беше доволно за Хувентут

сподели

Тимот на македонскиот репрезентативец и дефинитивно ги загуби шансите за пласман во полуфиналето од плеј-офот на шпанското првенство откако загуби од Тенерифе во четвртото коло со 82:80.

На Хувентут му беше потребен триумф против отпишаниот ривал, за во последното коло, во директен дуел со Басконија да ја решава својата судбина. Го диктираше темпото во првото полувреме, на пауза замина со 35:29, имаше и осум поени предност, но во третиот период доживеа колапс и Тенерифе тоа го искористи за да дојде до пресврт.

Ненад Димитријевиќ го одигра својот најдобар натпревар на овој турнир, за неполни 23 минути постигна 16 поени (5/11 за два, 6/6 од линијата за слободни фрлања), со два скока и една асистенција за индекс 11. Поефикасен од него беше само Клемен Препелиќ со 18 поени.