ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најдобар натпревар на Младеновски во дресот на Работнички

Најдобар натпревар на Младеновски во дресот на Работнички

сподели

Репрезентативецот доби период од еден месец за адаптација во новата средина и полека влегува во посакуваната форма.

Мечот против Кожув беше негов најдобар откако се врати во Градски парк. За речиси 27 минути постигна 16 поени, 6 скока и 2 асистенции, имаше само едно промашување од игра и едно од линијата за слободни фрлања и оствари индекс 22, највисок во својата екипа.

Бројот на постигнати поени против Кожув е далеку над неговиот просек во дресот на Работнички, тој досега изнесуваше 7 поени по натпревар иако бројот на скоковите е нешто помал од просечниот (7,4). Против Куманово во третото коло оствари дабл-дабл (11 поени, 10 скока), но тогаш имаше шест промашувања од игра и индекс 15.