ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НАЦЕВСКИ: Машкиот пристап ни донесе триумф!

НАЦЕВСКИ: Машкиот пристап ни донесе триумф!

сподели

Нема да имаат многу време за радување затоа што следниот испит им е дуел со актуелниот шампион МЗТ Скопје, но играчите на Академија ФМП заслужија да го прослават тешкостекнатиот триумф против вицепрвакот Работнички:

„Многу сум среќен за победата, одигравме машки, но пред се тимски, затоа и на крајот дојдовме до победата. Работнички двапати направи навидум недостижна разлика, но ние верувавме и не се откажавме, игравме наша игра и со помош на нашиот добар шут од далечина успеавме да победиме. Покажавме дека ФМП не е екипа за потценување и дека може да се надигрува со сите.“ – ни изјави Даниел Нацевски.