ПОЧЕТНА Европски првенства На следното младинско ЕП ќе играме во иста дивизија со Србите

На следното младинско ЕП ќе играме во иста дивизија со Србите

сподели
Уште со поразот од Италија, се знаеше дека српските младинци следната кампања ќе ја играат во Б дивизијата (fiba.basketball).

Селекцијата на нашиот северен сосед ги заврши настапите на континенталниот собир за играчи на возраст до 20 години, со победа против репрезентацијата на Летонија во рамките на првенството во А дивизијата.

Со овој триумф од 71:50, Србија го освои 15-то место во елитната дивизија и ќе се пресели ранг подолу, во Б дивизијата, каде што се наоѓа репрезентацијата на Македонија.