ПОЧЕТНА Некатегоризирана На Миротиќ, Реал одговори со МВП од шпанското првенство

На Миротиќ, Реал одговори со МВП од шпанското првенство

сподели
фото: ACB /D. Grau

Барселона е хит на летниот преоден рок, не само во Шпанија, туку и во Европа и многумина уште сега ја спомнуваат како најсериозен фаворит за титулата во Евролигата. Од НБА се врати Никола Миротиќ, најверојатно истото ќе го направи Алекс Абринес, а дојдоа уште неколку екстра играчи од европските гиганти.

Но, никој не смее да ја заборави практиката на Реал Мадрид да додава играчи на веќе поставената основа која го носи тимот веќе пет години и во тој период освои четири титули во шпанското првенство и две во Евролигата.

Екипата ја напушти Густаво Ајон, но нов член е најкорисниот играч во основниот дел на сезоната во АЦБ лигата и довчерашен соиграч на Нено Димитријевиќ, Николас Лапровитола. Трансферот беше најавен уште во јуни, но поради некои недоразбирања меѓу Реал и Хувентус, реализиран е сега.

Лапровитола има зад себе одлична сезона, го однесе каталонскиот тим во плеј-офот и полуфиналето од Копа дел Реј и треба да биде помош на бековските позиции за својот сонародник Факундо Кампацо и Серхио Љуљ.