ПОЧЕТНА А Репрезентација ДАВИТКОВ: На Косово му вративме, на ред е Естонија

ДАВИТКОВ: На Косово му вративме, на ред е Естонија

сподели

Нашиот селектор најави нови засилувања за репрезентацијата, разговарано е со неколку странци кои што прифатиле, нашата шанса за пласман на ЕП се Естонците.

“Тоа е селекција што не победи во претквалификациите за СП, но сега сме друга репрезентација. Ќе бидат повикани сите играчи што може да играат, од нашите ќе зависи каков странец ќе бараме.

Додека не решам не сакам да шпекулирам со имиња на странските кошаркари. Разговарав со повеќемина. Сега сме примамлива репрезентација затоа што играме за ЕП.

Естонците не ангажираат странци, немаат некој посебен ростер, можеме да ги победиме, ред е да им се оддолжиме.

Убеден сум дека ќе играме на следниот континентален собир.” – ни изјави селекторот Јорданчо Давитков.