ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА На Димчевски му е најубаво во Гостивар

На Димчевски му е најубаво во Гостивар

сподели

По Александар Костоски и тренерот Марјан Србиновски, уште еден од старата гарда одлучи да остане во Гостивар.

Ивица Димчевски, заедно со Диме Тасовски, дојде во 2017 година, а подолг стаж од актуелниот играчки кадар имаат само браќата Ренато и Роберто Димитриевски кои играа и во Втора лига. Членот на македонската репрезентација која во 2011 година го освои четвртото место на Европското првенство, го продолжи договорот на уште две години.

Во текот на својата кариера Димчевски играше уште во Вардар, Торус, Куманово, Работнички, Струмица и Кожув. Никаде порано не се задржал повеќе од три сезони, а ако го испочитува договорот со Гостивар до крај, ќе наврши пет.