ПОЧЕТНА Евролига На цела мака, малку и добри вести за Обрадовиќ

На цела мака, малку и добри вести за Обрадовиќ

сподели
euroleague.net

Еден ден останува до почетокот на завршниот турнир од Евролигата што ќе се одржи во шпанскиот град Виторија.

Најголеми проблеми пред него има Фенербахче кој во финишот од сезоната тренираше со преполовена екипа. На последната прес-конференција пред полуфиналето, тренерот Жељко Обрадовиќ барем малку ги израдува навивачите.

„Калиниќ и Весели тренираат со екипата. Ловерњ и Датоме нема да играат“, изјави српскиот струќњак.

Од порано во екипата не е повредениот Тајлер Енис, додека противникот на Фенер, Анадолу Ефес е во најсилниот состав. Турското полуфинале се игра на 17-ти мај од 18 часот, Реал и ЦСКА ќе истрчаат три часа подоцна.