ПОЧЕТНА Некатегоризирана На Барселона ѝ се смачи да живее во сенка на Реал

На Барселона ѝ се смачи да живее во сенка на Реал

сподели

По пет сезони во НБА лигата шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло најверојатно ќе се врати во Европа.

На огромно изненадување и разочарување на сите навивачи на Реал, тој ќе го облече дресот на најголемиот ривал Барселона која одлучи да пробие многу бариери и да направи револуција во европската кошарка.

Како што известуваат медиумите во САД, двојниот освојувач на Евролигата испратил понуда за Миротиќ во висина од 70 милиони евра за шест години и ако Никола Миротиќ ја прифати ќе стане најплатен кошаркар во Европа. Наводно, тој првично ја одбил оваа понуда, но сите во Шпанија се уверени дека ќе стане нов играч на Барселона веднаш штом почне преодниот рок во НБА, на 1-ви јули.

Миротиќ има понуда и од Јута Џез која е побогата и изнесува 45 милиони долари за три сезони, но превладала желбата да се врати во Шпанија. Ако тоа се оствари тој ќе заработува речиси три пати повисока плата од досегашниот најплатен кошаркар во Европа – Алексеј Швед, четири милиони долари.

Искусниот кошаркар во НБА лигата играше за Чикаго, Њу Орлеанс и Милвоки. Последната сезона ја заврши со просек од 15,2 поени и 7,4 скока по натпревар.