ПОЧЕТНА АБА МЗТ го доби противникот во првото коло од АБА 2

МЗТ го доби противникот во првото коло од АБА 2

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром

Втората лига од регионалното натпреварување, конечно, е комплетирана откако раководството одлучи кој ќе ја добие специјалната покана.

Тоа е босанскиот прволигаш Слобода Тузла кој ќе дебитира во оваа конкуренција.

Својот прв натпревар ќе го одигра во македонската престолнина, поточно во „Јане Сандански”, кај МЗТ Скопје.

Дуелот најверојатно ќе се одигра на 2-ри октомври и со него нашиот шампион ќе го почне новиот обид за враќање во јадранската елита.