ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ во Скопје ја почнува одисејата: Елитна виза и одбрана на нашата...

МЗТ во Скопје ја почнува одисејата: Елитна виза и одбрана на нашата кошарка

сподели
фото: zadarski.hr, Hanza Media

Аеродромци се единствениот македонски претставник во меѓународни води, во натпреварување кое егзистира во кошаркарски богатиот регион од каде се добива пристап до најквалитетните натпреварувања во Европа (УЛЕБ).

Македонскиот првак ја стартува сезоната во АБА 2 лигата, од 19:00 часот, против тимот на Слобода.

Целта е влез во првата АБА дивизија, каде што скопскиот тим беше шест сезони и имаше (по некој) сериозен резултат.

Се уште немаме константен клуб каков што би сакале да имаме, што би бил најдоброто од Македонија и што би ја полнел салата.

Последнава деценија сино-белите се единствениот наш колектив што како-така успева да смогне сили и да најде начин да се натпреварува со (за наши услови) силни конкуренти (во регионални рамки).

КФСМ

Му честитаме на МЗТ Скопје за константноста, решителноста и упорноста, му посакуваме успешна кампања во АБА2 и влез во АБА што минатата сезона му избега за влакно.

Ви посакуваме остварување на сите идеи и замисли, за претстојната натпреварувачка година!