ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје во група со Звезда и Задар

МЗТ Скопје во група со Звезда и Задар

сподели
фото: Александар Ристовски

Новата сезона во У19 АБА лигата ќе почне на 28 ноември со натпреварите од групната фаза што ќе се играат во два града.

Вторпат во овие три сезони откако постои натпреварувањето, во неа ќе учествува и МЗТ Скопје со играчи од својот тим кој се натпреварува во Првата лига. Екипата од Аеродром е во групата Б чии натпревари ќе се играат во Задар, а во неа уште домаќинот, Црвена Звезда, Цедевита Олимпија, Приморска и Морнар.

Групата А е во Белград, во салата на Мега и таму ќе играат: домаќинот, Будуќност, Цибона, Игокеа, Крка и Партизан.

Титулата ја брани Цибона која триумфираше минатата година, прв освојувач на трофејот е Мега Бемакс.

Својот прв натпревар МЗТ Скопје го игра на 28 ноември од 18 часот против Морнар. Следниот ден се среќава со Задар од 11:45 и со Црвена Звезда од 20:15 часот, на 30 ноември противник ќе му биде Цедевита Олимпија од 11:45 часот, а во последното коло ќе вкрсти со Приморска во истиот термин.