ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје со ваква младина, не треба да се грижи за својата...

МЗТ Скопје со ваква младина, не треба да се грижи за својата иднина

сподели
фото: МЗТ Скопје

За само осум дена младинскиот тим на аеродромци им приреди две големи задоволства на најискрените навивачи на овој клуб.

Генерацијата кошаркари (2001 година) предводена од Горан Крстевски прво ја освои титулата во младинска конкуренција, а потоа, засилена со нешто повозрасни играчи, триумфираше и во Втората лига, обезбедувајќи пласман во македонската кошаркарска елита.

фото: МЗТ Скопје

Овој тим на МЗТ Скопје во своите редови има неколку кошаркари кои можат да бидат иднина не само на шесткратниот македонски првак, туку и на националната репрезентација во блиска иднина.

На полувреме од натпреварот од плеј-офот меѓу МЗТ Скопје и Гостивар, младите кошаркари на вицешампионот беа громогласно поздравени од навивачите во „Јане Сандански“. Колку сениорите да знаат дека има кој да ги наследи и дека иднината на овој клуб е блескава.