ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: МЗТ Скопје-Плама Плевен (1996)

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: МЗТ Скопје-Плама Плевен (1996)

сподели

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари.

Ова е натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Плама Плевен од седмото коло на Купот „Рајмундо Сапорта“ од историската сезона на МЗТ Скопје – 1996/97. По поразот во Бугарија, нашиот тим му одржа лекција на својот противник, на домашен терен со што го потврди триумфот против Реал Мадрид, во претходното коло.

Таа сезона МЗТ Скопје стигна до 1/16-финалето од ова натпреварување каде беше елиминиран од Порто за само два поена.