ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје од оваа деценија, како Работнички од претходните две

МЗТ Скопје од оваа деценија, како Работнички од претходните две

сподели
mkf.mk

Речиси 20 години МЗТ Скопје чекаше на својата прва титула во македонското првенство, но откако ја дочека, одбележа една ера од неговото постоење.

Титулата што ја освои сезонава е седма за клубот од Аеродром во втората деценија од овој век, успех со кој се израмни со Работнички кој во две децении освојуваше по седум трофеи – во последната од минатиот и првата од новиот век.

Тимот од Градски парк беше шампион во низа од 1993 до 1999 година, како единствен досега кој направил такво нешто. Потоа, од 2001 до 2006 и во 2009 година.

Тоа, се разбира, не го намалува успехот на аеродромци кои во овие осум години поставија нови стандарди во македонската кошарка, тешки за следење од останатите домашни субјекти.

Освен на домашната сцена, штрковите единствени достојно ја претставуваат Македонија и во меѓународни рамки, во регионалното натпреварување АБА лига, каде што имаа и свои ѕвездени моменти.