ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје на меѓународен турнир пред почетокот на сезоната

МЗТ Скопје на меѓународен турнир пред почетокот на сезоната

сподели
фото: архива (МЗТ Скопје, Петр Стојановски)

Македонскиот шампион го потврди учеството на турнир во Романија кој ќе биде еден од главните тестови во пресрет на новата натпреварувачка кампања.

Од 9 до 11 септември МЗТ Скопје ќе настапи на меморијалниот турнир „Антонио Алексе“ во Орадеа, заедно со домаќинот и унгарскиот Солнок. Аеродромци ќе играат првите два дена, прво со Солнок, а потоа со Орадеа.

Дотогаш шампионот треба да го комплетира тимот, најверојатно со уште двајца странци. Досега е ангажиран само кенискиот интернационалец Нуни Омот, а екипата е засилена уште со Кристијан Николов и Бојан Крстевски. Од минатата сезона останаа Дамјан Стојановски, Симоновски, Магдевски, Маслинко и Мамузиќ. Уште не е јасен статусот на Дарко Соколов.