ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ Скопје и Работнички ги сменија центрите

МЗТ Скопје и Работнички ги сменија центрите

сподели
По две години Бојан Крстевски го напушти Градски парк и се пресели во Аеродром

Пред второто коло од домашното првенство екипата од Градски парк доби големо засилување под кошевите и оствари една од целите бидејќи Крис Кокли поради повреда го напушти тимот пред почетокот на сезоната.

Љубомир Младеновски ќе биде играчот што треба да донесе дополнителна цврстина на екипата, заедно со Стеван Глигоријевиќ и Данило Мијатовиќ. Своето второ деби треба да го запише во дуелот со Гостивар, на 20-ти октомври во Градски парк.

Љубомир Младеновски вторпат во кариерата ќе биде член на Работнички.

Со неговото доаѓање е комплетирана ненамерната размена на центри на најтрофејните македонски клубови. Минатата сезона Младеновски играше за МЗТ Скопје, а Бојан Крстевски за Работнички. Заминувањето на Бубе, но и Самарџиски од Аеродром, го услови доаѓањето на Крстевски кој засега е единствен центар во редовите на шампионот.

Кој ќе профитира од ова, ќе покаже сезоната која е на почетокот. Статистички, Младеновски е поуспешен со титулите. Тој со МЗТ Скопје освои вкупно пет, а Крстевски со Работнички една. Младеновски во секоја сезона во македонското првенство освојуваше титула, освен во првата кога како тинејџер дебитира во Градски парк.