ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ се враќа во АБА?

МЗТ се враќа во АБА?

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Најпријатното изненадување во првата половина од минатата сезона во регионалното натпреварување, се наоѓа пред банкрот поради што ќе го откаже настапот во прволигашката јадранска конкуренција.

Пропаднале и последните обиди да се најде стабилен спонзор и тоа од Кина, поради што прашање е само на часови кога ќе биде објавено дека клубот нема да може да игра во новата сезона.

Ако ова се случи, МЗТ Скопје автоматски ќе биде промовиран како наследник, со оглед на веќе донесената одлука на Собранието на ова натпреварување. Аеродромци завршија како третопласирани во минатата прекината сезона, поради што им беше доделена улогата на прва резерва.

(јавува Sport1)