ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ се мисли меѓу Стајиќ и Николов?

МЗТ се мисли меѓу Стајиќ и Николов?

сподели

Basketbal.mk неофицијално дознава дека актуелниот македонски шампион има дилема за плејмејкерската позиција за новата сезона, за која што во игра се две имиња – Бобан Стајиќ и Кристијан Николов.

Првиот (25, 185) е редовен препрезентативец на Македонија и искусен играч од нашата прва лига, кој што последниве две сезони напредна неколку нивоа и веќе е стабилен играч за наши услови, со една шампионска титула и со еден Куп освоени со Работнички, а претходно играше добро и во МЗТ Скопје.

Кристијан Николов во дресот на Галатасарај (euroleague.net).

Вториот (23, 188) замина за Турција во 2010-та година, потпиша за Галатасарај, потоа беше позајмен во Јешилгиресун (2015/16), Трабзон (2016), Истанбул ББ (2016/17) и во Измир (2018). Во 2014-та, Николов се откажа од македонското и доби турско државјанство, а во сезоната 204/15 дебитира во првата екипа на Галатасарај.