ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ пријави корона

МЗТ пријави корона

сподели
mztskopjeaerodrom.mk

Последниот македонски шампион се наоѓа во карантин, по регистрираниот случај на пандемија во редовите на составот од Аеродром.

Еве го соопштението на металците:

„И покрај максималното придржување кон мерките за заштита од коронавирусот, денеска член на стручниот штаб на нашиот тим беше позитивен на тестот на Ковид-19.

Тој веќе неколку дена е во карантин, откако кај него се појавија благи симптоми, а по добивањето на неговите резултати, во самоизолација ќе бидат и нашите кошаркари и останатите членови на стручниот штаб.

Очекуваме насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, кои претпоставуваме ќе значат тестирање на сите во тимот.

Играчите, тренерите и останатиот персонал се чувствуваат добро и никој од нив нема симптоми, но за нивна и општа безбедност тие ќе останат дома се до следните препораки кои ќе ги добиеме, односно додека и тие на направат тестови за ковид-19.

МЗТ Скопје Аеродром постојано апелира на придржување кон мерките за заштита како што се редовна хигиена, носење заштитна маска и држење дистанца, како најсигурни методи за заштита од коронавирусот“.