ПОЧЕТНА Некатегоризирана Распоред за АБА 2: МЗТ почнува дома, ама не се знае со...

Распоред за АБА 2: МЗТ почнува дома, ама не се знае со кого

сподели

Македонскиот шампион пред своите навивачи ќе ја почне својата втора сезона во вториот степен на регионалното натпреварување.

Сепак, противникот не го знае, тоа ќе биде екипа што во АБА 2 ќе влезе со специјална покана. Натпреварот ќе се игра во периодот меѓу 2-ри и 4-ти октомври.

Во однос на претходната сезона, нов член на АБА 2 е тимот на Нови Пазар. Отворено е едно место затоа што во оваа конкуренција требаше да се натпреварува Олимпија, но овој клуб се фузираше со Цедевита и остана во јадранската елита.

МЗТ Скопје е актуелен вицешампион кој во финалето од последната сезона загуби од Приморска. Потоа имаше уште една шанса за пласман во АБА лигата, против Задар, но не ја искористи.

Комплетниот распоред за новата сезона во АБА 2 можете да го погледнете на овој ЛИНК.