ПОЧЕТНА ЕВРОПА МЗТ нема против, секоја недела да игра со Спарс

МЗТ нема против, секоја недела да игра со Спарс

сподели
фото: Spars/Merjem Berbic

Петти натпревар и петта победа на македонскиот шампион против претставникот на БиХ во АБА 2 лигата, последниве две сезони. Нашиот првак победи во Сараево, со 65:77, за втор триумф во второто коло од регионалното натпреварување и за одличен почеток на новата јадранска сезона.

druga.aba-liga.com

Спарс беше нешто подобра екипа на почетокот на мечот, до крајот на полувремето МЗТ резултатски се врати, поведе, пресвртот се случи во третиот период, а во последните 10 минути домаќините беа тотално прегазени. Џабари Хиндс беше на прагот на трипл-дабл, постигна 23 поени.